
Зошто СДС не сака нов Изборен законик? Зошто СДС не сака да гласа дијаспората? Зошто СДС се кара со своите членови, со своите функционери, со аналитичарите, професорите? Зошто СДС не разговара со факти, докази и бројки, туку со гола реторика преку популизам? Зошто СДС се профилира од некогаш моќна во трета, а некаде и четврта партија во државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорот на сите овие прашања лежи во едноставната констатација: СДС не сака Изборен законик, не сака да гласа дијаспората, се кара со сите, лаже и манипулира затоа што се плаши од избори и бега од соочување со народот.А доказот зошто се плашат од избори е и денешната анкета.
ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од три пати поголемо водство пред СДС. Kај нив довербата кај граѓаните оди под 100 илјади гласови. Довербата од само 6% покажува дека на се уште најголемата опозициска партија предводена од Венко Заев, народот уште повеќе ја намалува довербата.
Реформи во СДС се повеќе од потребни, бидејќи криминалци како Венко Заев – граѓаните не поддржуваат.

Македонски



