
Денеска во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ Скопје, интервентна кардиологија, првпат во Македонија, се вовел нов метод познат како Coro Flow.

Станува збор за софистициран софтверски медицински систем за детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул. Честитки за тимот, објави на социјалните мрежи интернистот д-р Златко Јовановски.

Методата „CoroFlow“ овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што може да придонесе за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите.
Воведувањето на оваа технологија претставува важен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика и примена на најсовремени медицински практики во македонското здравство.

Македонски



