Skip to main content

Проф. д-р Стојковски: 400-600 пациенти дневно се третираат во онколошките амбуланти, вработените вложуваат натчовечки напори за третманот на онколошките пациенти

Професор д-р Игор Стојковски, директорот на УК за радиотерапија и онкологија, во своето гостување на 24 Анализа на Телевизија 24 вести истакна дека вработените во клиниката за онкологија со натчовечки напори работат и оптоварени се сите профили, односно сите подеднакво работат и тоа го потврдуваат и пациентите.

Ние како стручен колегиум секогаш сме на став да нема листа на чекање и за разлика од пред две години веќе имаме редовно состаноци на стручниот колегиум, формиран е и онколошки конзилиум, составен од 12 раководители на одделенија и за сите пациенти кои се на терапија од условен буџет одлучуваме на ниво на стручен колегиум и се реферира за сите пациенти според индикација. Во последните неколку месеци успеавме тој дел да го дигитализираме и имаме прецизен преглед кои пациенти се поминати на стручниот колегиум, кажа проф. д-р Стојковски.

Тој додава дека е зголемено преживувањето, инциденцата е зголемена, како и потрошувачката на лекови.

Минатата година ја завршивме со 5.300 новорегистрирани пациенти. Бројот на прегледи, според системот се околу сто илјади, на годишно ниво и секој ден низ амбулантскиот дел поминуваат меѓу 400 и 600 пациенти, заклучи проф.д-р Стојковски.

Во однос на третманот на пациентите, д-р Валентина Бојовска Трајановска појасни дека биолошката терапија, всушност е додаток на основната терапија и неа ја има на располагање на клиниката за онкологија.

Значи, тоа што е темел на лекувањето пациентите го имаат. Иако и лековите кои недостигаат е есенцијални, сепак со најголем дел од терапијата се покриени, кажа таа.

Поврзани вести