
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави целосна консолидација и кадровско освежување на партијата кое ќе се официјализира овој вторник. Во гостувањето на Телевизија Сител, тој демантираше дека е осамен на „Бихаќка“ и најави формирање на „нова сила“ составена од комбинација на искусни и млади кадри.
Според Филипче, процесот на промени влегува во финална фаза.
„Оставките не се констатирани, тие ќе се констатираат во вторник. Тогаш ќе се изберат новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично, создаваме една нова сила во партијата“, изјави Филипче.
На прашањето дали веќе ги има имињата на новите соработници, претседателот на СДСМ потврди дека списокот е веќе подготвен, но побара трпение од јавноста до вторник за официјалното објавување.
Во однос на актуелните функционери и нивната иднина, Филипче истакна дека во партијата постои висок степен на политичка свест.
„Другарите и другарките покажаа дека апсолутно никој не е заинтересиран по секоја цена да задржи партиска функција. Сите тие се почитувани членови и верувам дека ќе го дадат својот придонес и без функција“, рече тој.
Но дали лидерот на СДСМ, Венко Филипче има свест?! Ја донесе партијата на дното, но апсолутно е заинтересиран по секоја цена да ја задржи партиската функција.

Македонски






