Skip to main content

Митева: Владата вложува и ги користи сите капацитети за информирање на јавноста

Портпаролката на Владата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на телевизија Телма, во емисијата „Топ Тема“ се осврна на документот за транспарентност донесен од страна претходната власт.

Митева објасни дека документот за стратегија донесен од страна на претходната власт има недостатоци и нагласи дека документот за транспарентност е потребно да содржи барем една единствена цел која ќе биде исполнета во временскиот период од три години, да биде унапредувана за подоцна да не биде променета од ниту една влада.

Дека е документ којшто е заведен, напишан на хартија меѓутоа не личи баш на стратегија којашто ќе има конкретни рокови коишто ќе треба да се испочитуваат затоа што истата е донесена за период 2023 до 2026. Ако имате една стратегија за транспарентност во временски период од три години би требало да имате барем една единствена цел којашто треба да ја стигнете за тие три години, да ја унапредите до тој степен што веќе подоцна никој понатаму ниту една влада не би требало да се враќа на истата или пак да ја гради од почеток“, децидна е Митева.

Митева посочи дека Владата успеала да ја информира јавноста преку видео објави со цел да се следат трендовите на 21 век.

Успеавме да најдеме решение да одиме и со видео запис, сакаме да ги следиме трендовите на 21 век, сакаме јавноста да ја информираме навремено. Ја унапредуваме и ќе функционира непречено како што покажавме со изминативе две седници. Клучно е да претставиме пред јавноста дали Владата има за цел нешто да сокрие или Владата се соочува со немање на соодветен систем по којшто треба да функционира и во моментов се обидува истиот да го направи“, рече Митева.

Таа нагласи дека ниту една влада претходно немала направено систем на стратегиска комуникација и објасни дека Владата ги вложува сите можности и капацитети за унапредување на алатките и навременото информирање на јавноста.

Споменав дека ниедна влада претходно немала направено систем на стратегиска комуникација, за да имаме ние транспарентност мора тие политики да ги дисперзираме надоле кон граѓаните затоа што најважно според нас како Влада е тоа како услугите коишто ги нудат сите министерства вклучувајќи ја и Владата да бидат достапни и да бидат јавно читливи, обработливи и да се на едно место унифицирани“, истакна Митева.

Поврзани вести