Skip to main content

Ливерпул одби понуда од Интер за Куртис Џонс

Instagram / curtisjones

Премиерлигашот Ливерпул ја одбил понудата во износ од 25 милиони евра на италијанскиот првак Интер за фудбалерот од средниот ред Куртис Џонс (25), јавија италијанските медиуми.

Договорот на Џонс со англискиот клуб истекува за една година.

Ливерпул, наводно, бара отштета од 40 милиони евра и удел во идниот трансфер на Џонс.

Медиумите известуваат дека разликата помеѓу она што го нуди Интер и она што го бара Ливерпул е преголема и затоа не се очекува преговорите да завршат брзо.

Поврзани вести