Skip to main content

Филипче победи на изборите за претседател на СДСМ, партијата бираше меѓу Венко и неважечко ливче

Венко Филипче официјално е избран за претседаел на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Партијата денеска спроведе директни внатрепартиски избори, на кои регистрираните членови избираа претседател на партијата. Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации. Според информациите од партијата, надлежната централна изборна комисија го затвори избирачкиот список со вкупно 23.712 активни членови.

На денешните внатрепартиски избори во СДСМ, актуелниот претседател Венко Филипче се појави како единствен кандидат за функцијата.

Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласаа 18.140. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња имаше 139“, рече Бранко Георгиевски, Претседател на Централната изборна комисија.

Филипче претходно беше избран на вонредни избори во јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски.

Поврзани вести