
Во Чифте амам, објект на Националната галерија на Република Македонија, вечер ќе биде отворена самостојната изложба на мултимедијалната уметница Верица Ковачевска, насловена „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)“. Изложбата е во кураторство на д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија.
Поставката претставува ретроспектива по повод 20 години творештво на Ковачевска и опфаќа осум мултимедијални инсталации – видео, звук, просторни инсталации, цртежи и партиципативни проекти. Водата е поставена како централна метафора, преку која се истражуваат теми како меморија, загуба, урбани трансформации и екологија на просторот.
Верица Ковачевска живее и работи во Цирих, Швајцарија, а нејзините дела се изложувани на престижни меѓународни платформи. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 11 ноември 2025 година.