
На ден 12.07.2025 година во периодот од 16:00 до 24:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје беше спроведена сообраќајна контрола, при што беа санкционирани 128 возачи. Од нив, за непрописно паркирани 23 санкции, за возење без возачка дозвола девет мерки, за возење под дејство на алкохол две санкции.
Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за управување возило со несоодветна категорија,
15 санкции за возачи на моторцикл, како и други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедно да придонесеме за побезбедни патишта.