Skip to main content

Судир кај Рача, еден од возачите бил пијан

илустрација/Freepik

Вчера во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека кај Г.П. и сопатничката С.П.(57) од Охрид, биле констатирани телесни повреди.

По преземени мерки, кај Љ.Ј. е констатирано дека имал 1,80 промили алкохол во крвта и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот, против Љ.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести