Skip to main content

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, приведен во полиција

Стружанец со 2,50 промили алкохол во кртва предизвикал сообраќајна незгода, 30 минути по полноќ полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.

На 29.07.2026 во 00:30 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(36) од Струга. Претходно, тој со  патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода. По преземени мерки, полициските службеници кај него констатирале 2,50 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај, велат од МВР.

Возилото било одземено  и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести