
САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.
Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени злосторства, геноцид и злосторства против човештвото.
Иако САД не се членка на МКС, Вашингтон лани воведе целни санкции против неколку функционери на судот, вклучувајќи обвинители и судии, повикувајќи се на налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, како и претходната истрага за американски војници во Авганистан.
МИА

Македонски


