
Вчера во 21:15 часот на ул.„Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Т.(65) од Охрид.
Тој, претходно, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(59) од Струга. По преземени мерки и извршени проверки, полициските службеници кај Д.Т. утврдиле 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај, соопшти МВР, од каде додаваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонски



