
До 18:00 часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се под контрола, а 13 се изгаснати.
Центарот за управување со кризи соопшти дека активни е пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума), с. Батинци, Општина Студеничани, с. Палиград (ниска вегетација и шума), Општина Зелениково, м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), с. С’лп, м.в. Горно Село Општини Велес и Зелениково (Општина Велес), со проширување кон с. Карабуњиште, с. Бузалково и селата Добрино и Тисовица (Општина Зелениково) (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума), селата Копанце и Туденце (Општина Јегуновце), со проширување кон с. Бојане (Општина Сарај) (мешана шума) и с. Чаниште (ниска вегетација), Општина Прилеп.
Под контрола се пожарите во депониите во с. Железница, кратовско, и во Делечево.
Изгаснати се пожарите во:
Општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација).
Општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума).
Општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
Општина Прилеп: место викано Точила (ниска вегетација и жито).
Општина Долнени: с. Врапче и с. Бело Поле (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Кажани (ниска вегетација).
Општина Ресен: кај фармата во Ресен (садници од јаболка).
Општина Штип: нас. Балканска (ниска вегетација).
Општина Желино: с. Церово (ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума).
Општина Дојран: с. Фурка (ниска вегетација и капини).
Општина Струга: с. Делогожда (ниска вегетација).
Општина Росоман: с. Росоман (депонија).
Општина Студеничани: патот од с. Количани кон с. Пагаруша (ниска вегетација и ѓубре).

Македонски


