
Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Велес, Марко Колев.
Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ “Васил Главинов”, создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација.
Општина Велес како и досега ќе ја санира направената штета, но секој денар потрошен за поправка на нешто што намерно е уништено е денар помалку за ново игралиште, нов терен, нова урбана опрема и нови инвестиции.
Случајот е пријавен до надлежните институции и очекуваме сторителите да бидат утврдени и да понесат одговорност.
Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции.
Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом.

Македонски


