Skip to main content

Јасмина Костадинова вработена во Министерството за земјоделство призна вина за примање на мито за ИПАРД фондовите

Обвинетата Јасмина Костадинова вработена во Министерството за земјоделство призна вина за примање на мито за да посредува за фирма да добие пари од ИПАРД програмата.

Нејзиниот адвокат Звонко Давидовиќ, пред почетокот на судењето кажа дека таа ќе признае вина, по што, главната расправа беше прекината а нејзината постапка се раздвои.. Адвокатите на другите 8 обвинети негодуваа зашто судењето заврши, пред да се изјаснат и нивните клиенти.

Во овој случај деветмина се обвинети за примање и давање мито од над 50 000 евра. Меѓу нив е и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев и Џевдет Насуфи, ексминистер за правда и за локална самоуправа.

Според обвинението, Насуфи дал поткуп неговата фирма да биде рангирана за добивање на пари од  ИПАРД-програмата, иако не ги исполнувала критериумите. Највисоката сума од 50 000 евра била намената за раководното службено лице во Агенцијата, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра  за да извршат притисок за донесување одлука.

Поврзани вести