
Најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ, овие бројки покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што претставува исклучителен резултат, напиша на социјалните мрежи премиерот Мицкоски.
Вредност на растот на БДП според Еуростат
Во Април месец оваа година индустриското производтсво порасна за цели 7,6% споредено со Април месец минатата година.
Бројката на вработени е зголемена во првите 21 месец од работењето на оваа Влада
Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, нема очајување.
Во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и политички предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и геополитичката неизвесност, покажуваме дека може да оди напред

Македонски


