
Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ.
Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.Ништо повеќе.Денес повторно се врши хиперхлорирање.Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено.Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.
Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.
Мицкоски рече дека има бактерија.
Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.
Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа

Македонски


