Skip to main content

Апсења и претреси денеска ширум Србија поради корупција

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград Ненад Стефановиќ соопшти дека по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград се уапсени 13 лица.

13-те лица се осомничени дека со различни кривични дела прибавиле материјална корист за фирмата БСП ДОФекетиќ, оштетувајќи ја Републичката управа за стокови резерви и доверителите на акционерското друштво „Маковица“ од Младеновац. Осомничените се товарат за измама при вршење на приватен бизнис, рече Стефановиќ.

Тој додаде дека против осомничените ќе се води истражна постапка поради сомнение дека сториле кривично дело измама при вршење  криминална дејност и злоупотреба на положбата од одговорно лице, а обвинителството ќе нареди и финансиска истрага против уапсените лица.

Поради ова, се вршат претреси во десетина објекти во Белград, Фекетиќ и Малденовац.

Апсења во Србија имаше и вчера, кога беа приведени неколку вработени во министерството за труд, вработување, социјала и бранители во рамки на оваа голема антикорупциска акција.

Поврзани вести