
Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на пристапување на земјава. Ова го бара известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, преточено во амандман на предлог-резолуција за земјава изготвена токму од него, откако бугарските европратеници, во амандманите кои ги доставија на нацрт-извештајот, освен уставните измени и Протоколот го посочуваат како обврска за земјава за старт на преговорите, објави „Телма“.
Потсетува дека процесот на пристапување кон ЕУ зависи од исполнување на условите наведени во Преговарачката рамки на ЕУ, негување на добрососедски односи и почитување на билатералните и меѓународните договори, во согласност со Копенхашките критериуми и сопствените заслуги на земјата, вклучително и целосното спроведување во добра намера на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и неговите протоколи и Преспанскиот Договор со Грција“, гласи амандаманот на Ковачев.
Бугарските европратеници со 100 поднесени амандманите од вкупно 400, бараат и одржувања на трета меѓувладина конференција меѓу Скопје и Софија за спроведување на Договорот за добрососедство и Протколот, Историската комисија да постигне јасни и мерливи резултати при и се даваат и насоки кави треба да бидат тие, а за Акцискиот план за малцинствата наведуваат дека според претставниците на одредени заедници во земјата, без конкретно да ја споменат бугарската заедница, тој не гарантира доволно ефикасна заштита од дискриминација и насилство, не обезбедува функционални механизми за борба против говорот на омраза, не се справува соодветно со наводните систематски прекршувања на правата и нема ефективни законски мерки. Бугарските европратеници се гласни и во поглед на почитување на јазичните права на малцинствата во Македонија иако директно не го споменуваат прашањето на македонскиот јазик.
Вајц во нацрт-резолуцијата, иако направи обид да не ги засегне идетитетот и јазикот, сепак ги враќа како тема во амандманите, наведувајќи дека тие по својата природа се чувствителни, особено во контексти што вклучуваат сложени историски наративи и новосоздадени независни држави.
Го признава постоењето на различни толкувања во врска со потеклото на македонскиот јазик и идентитетот; Нагласува дека неговиот извештај нема за цел да го прејудицира или ограничи научниот дискурс за овие прашања, ниту пак таквите толкувања да влијаат врз проценката на Парламентот за напредокот на Македонија кон пристапувањето во ЕУ, која останува заснована на критериумите од Копенхаген и принципите на добрососедски односи и е во согласност со критериумите договорени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година“, наведува Вајц во амандманот.
Вајц бара европските институции да бидат поактивни за деблокада на пристапниот пат на земјава и бара воведување на делумно квалификувано мнозинство за отворање и затворање на поглавјата, наместо едногласноста на земјите-членки. Дел од европратениците пак не се согласуваат со барањето на Вајц за постепена интеграција на земјава во ЕУ, во што е можно повеќе области, туку бараат стриктно исполнување на сите услови за земјава да напредува процесот.

Македонски

