Skip to main content

Очите му се изговор на Ноле за поразот во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не сака да бара оправдување во проблемите со очите за поразот од Чехот Јакуб Меншик ноќеска во финалето на Мастерсот во Мајами.

Пред решавачкиот меч на турнирот во САД на 37-годишниот спортист му се појави оток на десното око.

– Да бидам искрен, не се чувствував најдобро на теренот, но тоа е она што е. Ништо не може да ја поништи неговата победа. Проблемот со окото? Повеќе сакам да не зборувам за тоа… Само да му честитам. Тоа е сè. Не сакам да звучи како да барам оправдување за мојот пораз, изјави Ѓоковиќ.

Србинот пропушти шанса да ја освои 100-тата титула во кариерата

Поврзани вести