
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер пред новинарите беше според договорените 15 минути.
– Да видиме како ќе реагираат и другите Гренд слем турнири, а потоа ќе донесеме одлука. Немаме ништо против Вас новинарите. Среќни сме дека ги извршуваме своите обврски, само сега ги ограничивме – временски. Не зборуваме за наградниот фонд, туку за пензиите, а тоа е важна тема. Не знаеме кога почнуваат Гренд слем турнирите, три од четири почнуваат во недела, сакаме малку и за тоа да зборуваме, изјави Синер на пресот пред Ролан Гарос.
Во отсуство на Карлос Алкараз, италијанскиот тенисер е прв фаворит за освојување на пехарот оваа година.

Македонски



