Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати 

МИА

СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати. Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко.Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика.За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конфгеренцијата на СДСМ. 

Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.

Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството.

Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми и тоа:

-кравјо од 5 на 6 денари.

-овчо и козјо од 6 на 7 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека се зголеми и финансиската поддршка од 4.000 на 6.000 денари за товни раси на говеда и зголемување од 3.000 на 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси.

За обележани грла овци постари од 12 месеци, има зголемување на поддршката од 2.000 на 3.000 денари, исто така и за обележани грла кози постари од 12 месеци, се зголеми поддршката од 2.000 на 3.000 денари.

По неколку години застој, се креираше нова мерка за зголемување на бројот на основното стадо во која висината на поддршката е за 30% повисока од основните мерки за пријавен број на обележани говеда, овци и кози.

Со ова фармерите ќе се поттикнат за зголемување на бројот на основните стада.

СДС го уништи сточарството во Македонија со нивните штетни политики.

Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНР.

Поврзани вести