
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташна светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите мастерс-турнири.
Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениските професионалци (АТП) што победил на секој АТП 1000-турнир во календарот.
Синер го постигна овој подвиг по победата над Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000-турнирот во Рим.
– Честитки, Јаник! Импресивно. Добредојде во ексклузивниот клуб – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Синер освои шест последователни мастерс-титули продолжувајќи ја својата победничка серија на овие турнири на 34 натпревари.

Македонски

