
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ коментираше за својата победа над 19-годишниот Американец Лернер Тин (6:1, 7:6 (7:3), 6:2) ноќеска во првото коло на Отвореното првенство на САД.
-Сакам да бев на возраст на Лернер. Кога одиш накај 40-тата треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти. Сè уште имам оган и мотивација, а навивачите ми даваат сила. Се надевам дека ќе можам да продолжам понатаму, рече 38-годишниот Ѓоковиќ по натпреварот со Тин.
Во второто коло Србинот ќе се соочи со Американецот Захари Свајда.
Вкупниот награден фонд на УС Опен 2025 изнесува 90 милиони долари