
Кошаркарите на ТФТ загубија вечерва на гостински терен од Широки Брег со 88-69 во првиот натпревар од финалната серија во регионалната АБА 2 лига.
Македонскиот прволигаш одлично го отвори натпреварот и по водството од 25-21 по првата четвртина, до крајот на полувремето ја зголеми предноста на 44-37.
Натпреварот беше резултатски израмнет на стартот на последната четвртина кога домашниот тим при резултат 64-64 влезе во серија од 10-0 и на крајот забележа убедлива победа.
Говенс со 17 и Гордон со 14 поени беа најефикасни во редовите на ТФТ.
Вториот натпревар од финалната серија до две победи е на програмата идната среда во Скопје.

Македонски


