Skip to main content

Maџари го изненади ТФТ

– Кошаркарите на Маџари синоќа го добија првиот натпревар (84:82) од полуфиналето на плеј офот против ТФТ на негов терен и поведоа со 1-0 во серијата. Тимот на Маџари во последната четвртина испушти и двоцифрена предност, но сепак во дополнителните пет минути (продолжение) дојде до триумф.

Првиот дел мина во знакот на Маџари, а во два наврати имаа и водство од девет разлика. Но, ТФТ со серија од 10-2 ја врати неизвесноста на дуелот.

На почетокот на второто полувреме, малку поинаква слика на теренот. ТФТ дојде до водство (50:42). Во 37.минута Маџари дојде до предност од 73:62 и тогаш кај ТФТ Дарин Говенс постигна три тројки и неговиот тим стигна до нерешен резултат 73:73 и продолжение.

Во драматична завршница гостите беа посмирени и ги казнија грешките на домашните кошаркари за прва победа.

Следниот натпревар од оваа серија во кој екипата на Маџари ќе биде во улога на домаќин, ќе се игра на 12.мај.

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја отворат полуфиналната серија со дуелот закажан за 6.мај (среда), од 19.часот, во СЦ „Јане Сандански“. 

Поврзани вести