
Репрезентацијата на Шпанија е единствената на Мундијалот, која досега нема примено гол. На петте натпревари „црвената фурија“ има четири победи и еден нерешен резултат. Според тоа улогата на фаворит во четвртфиналето со Белгија ги промовира како фаворити.
– Натпревар со Белгија ќе биде најтешкиот со кој сме се соочиле досега. Белгија е многу моќен тим. Ова се играчи кои се навикнати да победуваат. Ќе биде предизвикувачки натпревар, изјави селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте на прес конференцијата пред дуелот со Белгија.
Шпанија на осум натпревари има „чиста мрежа“, но резултатите на Мундијалот се за почит. По стартното реми со Зелено ’ртските острови (0:0), Шпанија ги победи Саудиска Арабија со 4:0 и Уругвај со 1:0 во групата, а потоа оствари уште две победи против Австрија 3:0 и Португалија 1:0 во нок аут фазата.

Македонски



