
Шпанија прогласи вонредна состојба во главниот град Мадрид и во уште еден регион поради шумските пожари.
Живееме во драматична ситуација, не само во различни шпански покраини, туку и во регионите на соседните земји, објави шпанскиот премиер Педро Санчез на платформата Икс, алудирајќи на пожарите во Франција и Италија.
Претходно, шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе биде распореден дополнителен персонал за да помогне во борбата против пожарите. Оперативната команда е префрлена на воена кризна единица, која директно ја владата.
Во Шпанија првпат е прогласена вонредна состојба поради шумските пожари. Повеќе од 11.500 луѓе се евакуирани од областа Голем Мадрид, а околу 1.500 лица се евакуирани од северно-западниот регион Авила.
Годинава во Шпанија од пожар се зафатени 125.000 хектари земја.(МИА)

Македонски


