
Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е разочаран од синоќешниот поразот 1:2 од Њукасл во 29. коло од англиската Премиер лига.
Јунајтед цело второто полувреме го играше со фудбалер повеќе, не реализираше ниту една од неколкуте шанси за гол, а во финишот беше казнет и го загуби натпреварот.
– Многу сме разочарани. Дојдовме тука за да освоиме бодови. Знаевме дека ќе биде тешко. Го игравме натпреварот за да најдеме можност за гол, но не го сторивме тоа. Вечерва беше неверојатно болно, особено начинот на кој примивме гол на крајот. Манчестер јунајтед може да се подобри како тим. Ова е лекција за нас. Тоа е само еден натпревар и дефинитивно ќе научиме од него. Мораме да се подобриме. Битката за местата во Лигата на шампионите отсекогаш била тешка, а вечерва тоа не го менува. Ние сме , продолжуваме понатаму и мора да бидеме подобри следниот пат, изјави Карик по натпреварот.

Македонски

