
орба за титулата во Премиер лигата се одвива и надвор од теренот. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вети награда за фудбалерите на Барнли, ако успеат да го запрат Арсенал.
Според англиските медиуми Гвардиола ветил „Ролекс“ часовници за играчите на Барнли, ако го запрат Арсенал во борбата за шампионската титула.
„Топџиите“ имаат шанса по 2004 година повторно да бидат шампиони на Премиер лигата бидејќи имаат два бода повеќе од Манчестер Сити.
Арсенал во понеделник игра на домашен терен против Барнли, а во последното коло гостува кај Кристал Палас. Барнли е веќе испаднат од Премиер лигата, а Кристал Палас нема натпреварувачки мотиви. Манчестер Сити во вторник игра дома со Бурнемут, а во последното коло гостува кај Астон Вила.

Македонски

