
Вчеравечер во 23:00 часот во ОВР Неготино, М.А.(33) од Неготино пријави дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а друг малолетник снимал со телефон.
Како што соопшти МВР, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Само оваа недела има регистрирано три случаи со врсничко насилство кое било и снимано и споделувано на интернет, а во болница сè уште е 15-годишникот кој во понеделникот беше избоден во училишен двор.
На денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска сподели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела.

Македонски

