
Премиерлигашот Манчестер Сити објави дека главната трибина на „Етихад“ од следниот натпревар, последниот на менаџерот Пеп Гвардиола ќе го носи неговото име. Но тоа нема да биде се, клубот ќе изработи статуа пред таа трибина.
На овој начин Манчестер Сити сака на убав начин да му се оддолжи на трофејниот тренер, кој во период од десет години колку што беше на клупата на „граѓаните“ освои 20 трофеи.
– Одамна изјавив дека Манчестер Сити треба да ги има на располагање најдобрите луѓе како на терен така и надвор од него. Пеп беше ДНК на клубот, повеќе поради начинот на кој ги освојуваше трофеите, отколку што ги подигнуваше, изјави сопственикот на клубот Шеик Мансур.
Главната трибина ќе го носи името „Пеп Гвардиола Станд“. Трибината неодамна беше реновирана и со зголемен капацитет за 7.000 места.
– Трибината Пеп Гаврдиола и статуата ќе биде пред неа, со надеж дека Пеповото наследство ќе биде вметнато во ткивото на овој фудбалски клуб, градот Манчестер и англискиот фудбал, изјави претседателот на Сити, Халдун Ал Мубарак.
Манчестер Сити во недела во последното коло од Премиер лигата ја пречекува екипата на Астон Вила.

Македонски



