
До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште два дена (24.мај – 7.јуни), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на првиот ден ќе игра против Џовани Перикар. Пред почетокот на турнирот тој во разговор со новинарите порача дека не е дел од тенисерите и тенисерките, кои ќе ги бојкотираат медиумите.
– Не сум дел од тоа. Не можам да коментирам, навистина. Можам да бидам за правата на играчите, како и до сега, а не само з анајдобрите играчи, туку и за тие од понизок ранг. Не носам одлуки и не учествувам во тоа, ќе продолжам да работам како и досега. Треба да учиме од играчите во голфот и да бидеме обединети, изјави Ѓоковиќ.
Тој се осврна и на неговата физичка и психичка подготовка:
– Гренд слем турнирите ми се приоритет. Секогаш ќе биде така. Работам за да бидам во најдобра форма и одиграм најдобро што можам во пет сетови за две недели, колку што трае турнирот, а ќе видиме дали тоа ќе биде можно, додаде Новак.
Српскиот тенисер е трикратен победник на Ролан Гарос во 2016, 2021 и 2023 година.

Македонски



