Skip to main content

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и Ристе Велков се загинатите во страотната несреќа на обиколницата

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст.

Несреќата се случила кога 76-годишен возач од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобил „БМВ“ во кој биле четворицата.

Од силината на ударот избувнал пожар, а автомобилот целосно изгорел. Во пламен завршила и кабината на камионот.

Поврзани вести