Skip to main content

„Грофот од Монте Кристо“ од денес на редовниот репертоар во кината

„Грофот од Монте Кристо“ (2024), во режија на Матјe Делапорт и Александар де Ла Пателиер, со Пјер Нинe, Бастиен Бујон и Анаис Демустје во главните улоги -на редовниот репертоар на Синеплекс од денес.
Проекција на филм кој за првпат беше прикажан на минатогодишното издание на Канскиот фестивал, надвор од конкуренција, а има повеќе од 10 милиони продадени билети само во Франција во 2024 година.

Со превод на македонски јазик.

Критики во француските медиуми:

„Сцените се нижат пред очите на гледачот, небаре страници од роман од кој не сакаме да пропуштиме ниту една испишана реченица.” (Ле Монд)

„Апсолутен успех е оваа нова адаптација на уште еден роман на Александар Дима. Универзална и популарна приказна за одмазда, на која актерите, предводени од Пјер Нине, ѝ даваат вистинска драматуршка длабочина.“ (Ла Воа ди Нор)

„Филмот трае речиси три часа, но додека трае оваа приказна, возбудата не спласнува. Исклучителниот актер Пјер Нине е актер-камелеон, Бастиен Бујон, Анаис Демустје и Лоран Лафит се извонредни, а Анамарија Вартоломеј има магнетна привлечност. “ (Ле Паризиен)

Поврзани вести