Skip to main content
Eg_e4_ORCS8

Barcelona Gipsy Balkan Orchestra и Зарина Првасевда на 28 февруари во Филхармонија: Емотивно музичко патување кое ветува уникатно и автентично искуство

Точно една седмица нѐ дели од најавеното музичко патување и уживањето во звуците на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra – еден од најиновативните бендови од поновата генерација.

Музиката на БГКО е инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот и е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што овојпат нѐ очекува уште еднаш (по она во 2022 година) – на 28 февруари во Филхармонија.

Творештвото и интерпретацијата на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинета и со интерпретациите на специјалната гостинка Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал од Скопје. Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.

БГКО е меѓународна формација составена од сицилијанската пејачка Маргерита Абита, која на членовите на Barcelona Gipsy BalKan Orchestra (БГКО) им се придружи во ноември 2019 година и донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина, Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Алберт Енкаминанко (перкусии, Шпанија), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон (кларинет, Шпанија), Олександр Сора (виолина, Украина) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија), а во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска… И тоа не сѐ, секогаш иновативни, секогаш уникатни и подготвени на публиката да ѝ понудат повеќе за новата скопска дружба со македонската публика подготвуваат уште изненадувања.

Поврзани вести