Skip to main content

Поради овие навики не ви оди во врската

 Блискоста во љубовните односи се создава и одржува со секојдневните навики – начинот на слушање, реагирање, почит кон другиот, почитување на личните граници итн.

Токму овие секојдневни ситници се честа причина и за нарушување на интимноста во врската. Познавачите предупредуваат дека некои навики коишто на прв поглед изгледаат безопасни или нормални, со текот на времето можат да создадат емоционална оддалеченост меѓу партнерите. Затоа, се советува, важно е да се препознаат и спречат таквите „искри“, за навреме да се зачува блискоста и повторно да се зајакне љубовната врска, пишува порталот „Кликс“.

Young alone girl feeling sad

Повлеченото емоционално однесување обично се случува кога едниот партнер се чувствува преоптоварен, погрешно разбран или разочаран. И тоа ги нагризува односите меѓу двајца. Наместо таа личност јасно да ги изрази своите чувства, таа / тој се повлекува во себе, па комуникацијата станува површна. Сѐ тоа го наведува другиот да се чувствува отфрлено и осамено дури и кога се физички блиску и – сѐ уште заедно.

Кога партнерот или партнерката избегнува да зборува за важни теми или одговара со молчење на обидите за поврзување, се создава „емотивен ѕид“ меѓу двајцата. Закрепнувањето од таква оддалеченост потоа бара многу поголем напор, пред сѐ околу искреноста, и – подготвеноста да се биде ранлив /-а.

Дополнително, и критиката, кога е добронамерна и конструктивна, може да помогне во развојот на односите. Но, кога тоа станува секојдневие и острите зборови се насочени на личноста наместо на однесувањето, тоа ја поткопува самодовербата и чувството на прифаќање.

Во таков случај, без оглед на вистинските намери на „критичарот“, неминовно ќе се јави отфрленоста кај другиот. Наместо тоа, се препорачува потребите и чувствата да се изразат без обвинувања.

Стручњаците предупредуваат дека претераната секојдневна критика создава атмосфера на несигурност и напнатост. Дури и ако личноста која критикува, мисли дека му помага на другиот, постојаното укажување на грешки, води кон емоционално затворање, одбранбеност и постепено губење на емоционалната поврзаност.

Поврзани вести