Skip to main content

Концерт на „Мизар“ во Филхармонија на 3 април

Големиот македонски бенд и бренд „Мизар“ ќе одржи ексклузивен, интимен концерт на 3 април во Македонската филхармонија, со специјална „best of“ програма, соопшти организаторот „Авалон“.

Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура;
теми од „Мизар“, „Кобна убавина“, ,,Свјат Dreams”,„Детето и белото море“, ,,Поглед кон цветната градина”, ,,Вечна празнина”…

На концертот ќе се придружат и специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години имале свој удел и оставиле значаен белег во приказната на „Мизар“.

Бендот деновиве е актуелен со нивната нова извонредна песна „Вардар е Стикс“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од четврток (5 март) во 10:00 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk по цена од 1.200 и 1.500 денари.

Поврзани вести