Skip to main content

СДСМ: Ивановски јавно призна дека целта е рушење на партијата од внатре

Јавно, на телевизија, пред сите граѓани, челнови и симпатизери на СДСМ, Игор Ивановски-Шема призна дека платформата не е за никакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре, стои во реакцијата на СДСМ гостувањето на универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на СДСМ на Сител.

Ивановски го призна тоа што СДСМ со месеци наназад го говори. Она што од денеска на сите членови на СДСМ им е кристално јасно е дека намерата на платформата ЗНАМ 2.0 е само во корист на ВМРО, велат од СДСМ.

Според партијата, ексфункционерот во име на платформата промовирал уназадување на демократијата во СДСМ, со своите ставови дека треба да се укине изборот на претседател со директно и непосредно гласање на членовите.

Зошто некој би ја враќал партијата назад, зошто би сакал да им се укине на членовите правото на глас, директно да одлучуваат за својата партија? Како што зад затворени врати „дебатираа“ пред некој ден во скап хотел, така ли сакаат да го бираат и претседателот на СДСМ? Како некој зборува за внатрешна демократија а промовира помалку демократија? Одговорот е едноставен. Затоа што овие предавници одработуваат за Мицкоски и немаат никаква поддршка од членството на СДСМ, велат од СДСМ.

Поврзани вести