Skip to main content

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, стои во соопштението на СДСМ.

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни – објавете документ.

Поврзани вести