
Вулканот Етна денеска повторно исфрли пепел, а поради зголемената вулканска активност привремено е суспендиран авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија.
Вулканската активност продолжи откако на 26 јуни се отвори пукнатина во кратерот Ворагине на врвот на Етна.
Опсерваторијата за Етна на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека Етна исфрлила облак пепел во висина до 1,5 километри.
Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.

Македонски



