
24-годишен турист од Данска е повреден откако го затрупала лавина додека скијал на Попова Шапка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, тој бил пронајден од специјално возило на „Церепашина“.
„На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал“ соопшти МВР.
По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје.

Македонски



