Skip to main content

Загина 59-годишен гостиварец, удрил во бетонски ѕид

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во селото Долна Бањица.

Според информациите од полицијата, на 17 октомври во 22:55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М. (59) од Гостивар, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.

Во 23:00 часот дежурен лекар ја констатирал смртта на возачот.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани вести