Skip to main content

Ве боли грбот кога ќе се разбудите наутро? Ова се најдобрите и најлошите положби за спиење

Дали често ве боли грбот кога ќе се разбудите наутро? Не сте единствените! Ако имате болки во грбот, начинот на кој спиете може да игра голема улога во намалувањето на притисокот врз ‘рбетот.

Лошата положба може да предизвика непроспиени ноќи и дополнително да ја зголеми болката бидејќи на телото му треба квалитетен сон за закрепнување и регенерација.

Ова се најдобрите и најлошите пози за спиење кога имате болки во грбот.

Најлоша положба: Спиење на стомак

Спиење во оваа положба може да ја зголеми болката во горниот дел на грбот, бидејќи бара да го завртите вратот на едната страна, што му прави дополнително оптеретување на ‘рбетот. Покрај проблемите со грбот, спиењето на стомак може да предизвика брчки и отекување на лицето бидејќи вашето лице е притиснато на перницата. Експертите предлагаат да ставите перници под колковите и долниот дел на стомакот за да го намалите притисокот врз ‘рбетот.

Најдобра положба: Спиење на грб

Ако спиете на грб, ‘рбетот ќе ви се заблагодари, велат докторите кои препорачуваат да ставите перници под колената и вратот за да го усогласите ‘рбетот и да ја намалите напнатоста на грбот. Сепак, бремените жени треба да се консултираат со лекар пред да го испробаат овој метод. Спиењето на грб може да го намали протокот на крв во срцето и бебето, што не се препорачува за време на бременоста. Покрај тоа, спиењето на грб може да ја влоши апнејата при спиење и да предизвика проблеми со дишењето бидејќи гравитацијата ги повлекува јазикот и меките ткива назад, што може да ги блокира дишните патишта.

Втора најдобра поза: Спиење на страна

Спиењето на страна со испружени нозе е препорачано како втора најдобра опција за лицата со болки во грбот. Поставувањето перница меѓу нозете помага да се одржи правилното усогласување на ‘рбетот и спречува колената да се повлечат кон градите. Експерите предупредуваат дека спиењето во „фетална положба“ може нерамномерно да ја распредели тежината на ‘рбетот, што доведува до болка и вкочанетост.

извор: index.hr фото: index.hr