
Дваесетгодишна девојка била меѓу потешко повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, која била два пати реанимирана е веќе на нозе и во стабилна состојба на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Според министерот за здравство, девојката била еднаш реанимирана на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а вториот пат при транспортот во странство.
Сите пациенти кои дојдоа тоа утро беа тешки, изгорениците беа во поголем степен. Таа е реанимирана во Ургениот центар, па пренесена во КАРИЛ. Таа една од првите која беше пренесена во друга установа надвор од земјата. Вратена е во стабилна состојба. Утре се планира мал хируршки зафат за третирање на раните на кои сѐ уште им треба доста нега. Ги очекуваме сите други параметри, бидејќи беше малку покритична и некои компликации настанале за време на лекувањето, но рековме дека е стабилна и се движи. Кога ќе бидат сите анализи во ред би ја пуштиле на домашно лекување“, изјави директорката на Клиниката, д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска.
Инаку, вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца се во критична состојба, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Од 57, деветмина се во Скопје. Двајца се моментално на Клинички, на Пластична хирургија. Четворица се во Свети Наум Охридски, еден пациент во ГОБ 8 Септември. Останатите се лекуваат во приватни болници.
Еден пациент се враќа денеска од Унгарија, па ќе останат четириесет и седум пациенти во странство, рече Таравари.