
Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепељаев во интервју за рускиот портал „Вести“ го објасни просечниот профил на луѓето кои најчесто заболуваат од рак. Шепељаев нагласува дека тоа се претежно луѓе над 50 години кои се под постојан стрес.
Според него, луѓето кои се постојано уморни, преоптоварени со работа и имаат сериозни финансиски проблеми, поради што не можат да си дозволат квалитетна здравствена заштита пред самата болест, најчесто заболуваат од рак.
Типичен пациент со дијагностициран рак е лице, без разлика дали е машко или женско, над 50 години. Како по правило, ова е лице со малку разбушавена коса и криви очи, преоптоварено со работа и со многу кредити или долгови. Нему му е потребна најевтина терапија, бидејќи за другите нема. За жал, тоа често се луѓе кои едноставно се занемариле себеси“, јасен е Шепаљаев.
Овој онколог нè потсетува дека ракот е имуно-зависна болест; кај некои луѓе може да се појави дури и пред 45-годишна возраст, а некој може да се разболи дури по 80-тата година. Сето тоа зависи од функционирањето на антитуморската компонента во телото.