
Сонот го зајакнува имунолошкиот систем, но денес повеќе од една третина од возрасните лица не успеваат да ги отспијат препорачаните седум или осум часа ноќе.
Ако сте изложени на вируси и не сте наспани, поголема е веројатноста да се разболите, предупредуваат лекарите. Недостатокот на сон може да биде „активатор“ и за бројни хронични здравствени проблеми, како дијабетес и срцеви заболувања, но и да го зголеми ризикот од деменција.
Сонот е како полнење на батериите на уредите и е неопходен за да се одбраните од грипот. Најважна е фазата на длабок сон, која настапува 35 до 45 минути по заспивањето, бидејќи тогаш имунолошкиот систем се зајакнува“, објаснува д-р Крис Братнер, додавајќи дека денес повеќе од една третина од возрасните не успеваат да спијат препорачани седум или осум часа ноќе.
Кога имаме некаква инфекција или се развива воспалителен процес во организмот, имунолошкиот систем ослободува одреден вид протеини, цитокини, а кога сме неиспани, нивната продукција се намалува, па и имунитетот ослабува.
Колку часа сон се препорачуваат?
Деца на возраст од 6 до 13 години треба да спијат од 9 до 11 часа.
Тинејџери: 8 до 10 часа.
Возрасни лица над 18 години: 7 до 9 часа ноќе.
Кога ве мачи несоница
Ако ве мачи несоница, понекогаш е доволно да се променат животните навики – да имате редовен ритам на будење и одење на спиење, да воведете физичка активност во текот на денот, да избегнувате внес на кофеин и алкохол непосредно пред спиење или да ги совладате техниките за релаксација.
Билки кои можат да ве опуштат и да ви помогнат полесно да заспиете се: валеријана, лаванда, камилица и мајчина душица.