Skip to main content

Пред да одите во Грција проверете ја кутијата за прва помош – казната е 100 евра

Фејсбук страниците за патување се полни со искуства на туристи од Македонија и Србија за нивното летување во Грција. Тие велат дека одморот може да им преседне поради една работа поврзана со опремата во возилото.

За што се работи

Грчката полиција почнала да казнува доколку комплетот за прва помош е постар од две години. Тоа е старо правило но сега контролите се чести. Доколку кутијата е постара од две години од датумот кој е наведен казната е 100 евра.

Па, проверете навреме.

Казни во Грција има и доколку не поседувате противпожарен апарат од два литри за што веќе тешко се наоѓа ваков уред во Македонија.

Поврзани вести