Skip to main content

Снег на Широк сокак во Битола

Принтскрин од видео

Моментално, на Широк сокак, најпознатата улица во Битола врне снег. Иако метеоролозите најавија пониски температури и снег на планините, сепак, и по градовите снежи.

Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Како што соопшти АМСМ, забраната е воведена од 16.20 часот.

Од 17.00 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Претходно, АМСМ воведе забрана за тешки товарни возила и на преминот Стража.

Поврзани вести